(Галерија) Селма Хаек доби ѕвезда на Патеката на славните

(Галерија) Селма Хаек доби ѕвезда на Патеката на славните

пред 3 години

Холивудската глумица Селма Хаек доби своја ѕвезда на Патеката на славните. Таа викендов со сопругот Франсоа Анри Пино и ќерката Валентина Палома, присуствуваа на една од најголемите почести во Холивуд. Хаек кога ја доби ѕвездата зборуваше за пречките кои ги имала на патот кон успехот.

„Се сеќавам кога ќе дојдев во студиото каде требаше да снимаме и многупати ќе ми кажеа зошто не се вратам на теленовелите и дека никогаш нема да најдем работа тука. Тогаш си помислив дека за разлика од мојата земја, тука никој не ме сака, Но, сепак останав. Сакам да им кажам на сите кои се тука, дека тие беа оние кои ми даваа храброст за да останам. Сите Латиноамериканци кои се тука во САД знаеја која сум. Тие разбираа дека дојдов тука со истите соништа кои ги имаат сите тие“, рече Хаек.

Меѓу присутните беше и нејзиниот колега Адам Сендлер.

Share
Scroll to Top