Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, директорката на театарот „Комедија“ Нора Шаќири, а со нив и пејачката Туна Сејдиу, вчеравечер беа на забава кај нивната другарка Анита Латифи која неодамна се породи со синот Донат.
Дотерни и згодни, по последна мода, цело друштво дами, и по некој пријател, уживаа на летната тераса, од каде споделија и по некоја фотографија. „Тетките на Донат“, се шегуваше Нора Шаќири која сподели неколку интресени фотографии од забавата за раѓањето на бебето.