Кинеската национална вселенска агенција, објави пет нови фотографии кои нивниот ровер Џуронг ги направи на Марс. Роверот успеал на површината на Црвената планета да сними камења и траги од гуми на некакво возило.
Првата фотографија е снимена на 26 јуни и на неа се гледа пејсаж од Марс. Втората фотографија која е снимена на 4 јули исто така се гледаат делови од површината на Црвената планета.

На третата и четвртата фотографија се гледаат карпести предели и нешто што изгледа како траги од гуми кои роверот ги оставил зад себе.
На петтата фотографија која е направена во боја, се гледаат трагите од гуми, како и соларните плои и антените на роверот. Џуронг на 15 мај успешно снимил една огромна пространа рамнина со име Утопија.

Роверот од Земјата тргна на јули 2020 година, со кинеското летало Тианвен – 1. Леталото во февруари влезе во орбитата на Марс. Наречен по кинескиот бог на огнот, Џуронг досега минал 58 дена на Марс. Тој поминал повеќе од 300 метри, пренесе кинеската новинска агенција CGTN.

За време на престојот, роверот патувал на југ користејќи ја својата навигациона камера за фотографирање на пејсажите на Марс. Тој користи радар за површинско пребарување, метеоролошки монитор и инструмент за откривање на магнетно поле и изведување експерименти.


Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Дино Мерлин се очекува да си замине од Белград со најмалку 3 милиони евра заработка
Македонскиот филм „Проблемот на Тина” е најдобар на фестивал во Турција
(Видео) Маж претепал дете на улица затоа што му ѕвонело на домофон
По 15 години Мајкл Карик си замина од Манчестер Јунајтед
(Фото) Иџе го вози автобусот за на Европско: На големо се снима фудбалската химна
„Педофилот нема професија, како и изопачената потребата сексуално да се задоволи“, – Весна Бејби која минуваше слична драма со поддршка за Милена
