Гал Гадот ќе ја глуми Клеопатра во новиот филм

Гал Гадот ќе ја глуми Клеопатра во новиот филм

пред 4 години

Израелската глумица Гал Гадот ќе ја глуми Клеопатра во нејзиниот следен филм. Таа на „Инстаграм“ објави дека има нова улога за која е пресреќна и дека едвај чека да почне снимањето на филмот. Гал и во овој филм ќе соработува со Пети Џенкинс, со која работеше и на хит-филмот „Вондер вуман“.

„Сакам да започнам нови патувања, ја сакам возбудата од нови проекти, возбудата од оживување на стари приказни. Клеопатра е приказна што сакав да ја раскажам многу долго време. Не можам да бидам поблагодарна за оваа можност,“ напиша Гал.

35-годишната глумица во моментов ја чека премиерата на филмот Wonder Womаn 1984, која е одложена неколку пати заради пандемијата со короната.

Share
Scroll to Top