Гвен Стефани на 51 година се сврши со Блејк Шелтон

Гвен Стефани на 51 година се сврши со Блејк Шелтон

пред 4 години

По пет години врска се верија поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) и кантри-пејачот Блејк Шелтон (44). Тој ја побара пејачката за жена со дијамантски прстен, а Гвен веднаш се пофали  дека ќе се мажи и објави заедничка слика на „Инстаграм“.

Популарната двојка се запозна на снимањето на музичкото шоу „Гласот“ во 2014 година, а веќе следната година почнаа врска. Потоа, Гвен во шоуто со Елен Деџенерис призна дека сè додека не се запознале, таа дури и не знаела кој е Шелтон.

Претходно, пејачката беше омажена со музичарот Гевин Росдејл, а се разведоа во 2016 година и имаат три деца. Шелтон, пак, беше женет двапати, со Кејтин Вилијамс, па со кантри-ѕвездата Миранда Ламберт.

Share
Scroll to Top