Легендарниот фудбалер Габриел Батитсута кој важеше за страв и трепет за голманите, денес не може нормално да оди. Лекарите му имаат ставено протеза во левата ногата поради силните болки кои ги трпел по завршувањето на кариерата.
Тој рече дека побарал да му ги ампутираат нозете затоа што не можел да ја поднесе болката во зглобовите. Рече дека не можел да стане и нормално да отиде во тоалет и дека морал да врши нужда во гаќите.
Батистута кој денеска полни 53 години се пензионираше во 2005 година. Тој целосно се повлече и од јавниот живот, а понекогаш знае да прокоментира некој натпревар.
Беше еден од најдобрите напаѓачи во светот. За него новинарите пишуваа дека е силен како бик, брз со убиствена десница со која само даваше голови.
Во своите најдобри денови како фудбалер, лесно ги минуваше противниците кога играше во дресовите на Фиорентина, Рома и Аргентина. Кариерата ја заврши во Ал-Араби.
Во 516 натпревари колку што ги има одиграно постигна 300 голови. За каков играч станува збор најдобро покажува податокот дека е втор најдобар стрелец во историјата на Аргентина. Пред него е само Лионел Меси. Батистута во 78 натпревари за „гаучосите“ има дадено 56 гола.
Денес рече дека имал големи здравствени проблеми затоа што играл и кога не смеел. Колената и зглобовите му пателе поради инекциите кои ги примал за да може да игра. И за сето тоа Батистута вели дека ја платил цената.
Кога во 2005 година ја завршил кариерата купил фарма и почнал да се занимава со сточарство. За него тоа било сосема нов свет. Не тренирал повеќе, не играл, не се натпреварувал за трофеи.
Не бил повеќе во фокусот на фудбалската јавност, а тоа вели дека оставило последици на него. Што ментални, што физички. Од тогаш животот почнал да му станува пекол. Имало денови кога не можел да стане од кревет поради болките во нозете. Вели дека бил очаен.
„Болките беа толку големи што побарав да ми ги ампутираат нозете. Го оставив фудбалот и преку ноќ не можев да одам. Вршев нужда во гаќите иако тоалетот ми беше на само три метри од мене. Тоа се случи во 4 часот утрото. Знаев дека ако станам зглобовите ќе ме убијат. Не можев да го опишам тоа чувство. Таа болка не можев да ја поднесам повеќе“, рече Батистута.
Лекарите не го послушале, но затоа му олеснале. Пред 3 години доктори од Швајцарија му вградиле протеичко помагало во левата нога за да му го олеснат живот. Состојбата и тоа како му е подобрила.
Во Италија Батистута играше во Серија А, во време италијанската лига беше најпопуларна во светот. Тој беше еден од најдобрите фудбалери во лигата. Тогаш рече дека не го сака фудбалот и дека игра само затоа што тоа му било работа.
Многумина беа шокирани од оваа негова изјава, иако лесно може да се преточи во сегашноста. Фудбалот стана бизнис и многумина се занимаваат со него баш поради големите пари кои ги заработуваат.
„Да, виситна е дека го кажав тоа, но само за да се заштитам себе си од медиумите и јавноста. Веднаш откако го реков тоа, престанаа да ме прашуваат. Морате да знаете дека играв во Италија во сјајни времиња за фудбалерите. Секогаш бев под голем притисок. Сите зборуваа само за фудбалот, а мене тоа ми беше ужасно досадно“, рече Батистута и додаде дека сега се променил.
„Сега го сакам фудбалот, тактиката, тренинзите и сето тоа што се случува на теренот. Не бев таков кога бев млад, но фудбалот низ годините стана моја страст, мој живот и воздух кој го дишам. Знаете ега баш уживам во фудбалот, а воопшто не играм. Единствено што не сакам се интервјуата“, рече Аргентинецот.
Денес Батистута е далеку од јавниот живот. Ретко кој може да го види во јавност, но затоа вели дека ужива во пензијата и животот.