Глумица Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ дека ја силувал

пред 4 години

Актерката Даниела Штајнфелд во Вишото јавно обвинителство во Белград откри дека актерот Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал пред неколку години, пренесе порталот Нова.рс.

Штајнфелд пред неколку дена беше повикана во Вишото јавно обвинителство за да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборувала за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец „Држете ме цврсто“. Според порталот, Штајнфелд го обвинила актерот Бранислав Лечиќ за силување, иако претходно неговиот идентитет го криеше од јавноста. Таа тогаш само откри дека моќник од филмската индустрија ја силувал кога имала 21 година, додека работела на еден проект со него.

По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде повикан да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.

„Не можам да коментирам толку чувствителна тема сè додека не добијам покана од Обвинителството и не добијам црно на бело дека сум обвинет за такво нешто“ рекол Лечиќ откако во јавноста се дозна дека Штајнфелд го обвинила за силување.

Лечиќ, освен што е актер, е и опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија на Србија.

(Видео) „Ме силуваа, едвај го преживеав пеколот“: Мариола од „Ивкова слава“ прозборе за најголемата траума

Share
Scroll to Top