Веѓите имаат моќ целосно да го трансформираат лицето. Со нивното обликувањето треба да се направи баланс помеѓу цртите и формата на лицето и да се акцентира убавината на очите. Но, идеално обликувани веѓи скоро и да не постојат. Двете веѓи речиси никогаш немаат иста форма затоа што ни двете страни од лицето не се идентични.
Често кога се обидувате да добиете идентични веѓи, може да се случи да ги истенчлите претерано, но не и да постигнете симетрија. Ова се дел од најчестите грешки што ги прават луѓето кога ги обликуваат веѓите:
- Создавате премногу празен прстор над носот.
- Употребувате стара пинцета
- Залепени сте за огледало
- Го поместувате природниот лак
- Ги цртате веѓите со многу темно моливче
- Ги обликувате веѓите за време на менструација или пред туширање
- Ги кубите влакната во спротивен правен од оној во кој растат
- Секогаш кубете повеќе од едно влакно одеднаш
Шминкерите советуваат понекогаш наместо да ги кубете веѓите да ги добликувате веѓите со молив. Во тој случај не користете шминка која е премногу темна. Кога ги раздвојувате веѓите, не правете големо растојание помеѓу нив – големото растојание прави носот да изгледа поголем, а очите премногу раздалечени. Секогаш одлучете се за поприроден изглед.