Вечерва од 20 часот до полноќ десетици музеи и археолошки локалитети низ Грција ќе имаат слободен влез. Идејата е на овој начин да се слави првата од двете супермесечини овој месец. Втората супермесечина ќе се случи на 30 август и уште ја нарекуваат сина мсечина.
Вечерва ќе има и музичка програма, а на Акропол во Атина ќе се танцува на звуците на аргентинско танго. Во археолошките музеи во Касторија и Арта, како и на археолошкиот локалитет Тилисос на Крит ќе се слуша џез. Слична програма е предвидена и за втората супермесечина во август.