Дарко Лазиќ тврди дека не може да се зарази со корона

Дарко Лазиќ тврди дека не може да се зарази со корона

пред 3 години

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ, кого во Србија го нарекуваат и крал на корона-журките, вели дека тој не може да се зарази со Ковид-19. Неговата изјава предизвика бурни реакции во јавноста, па многумина му коментираа „да престане да тресе глупости“.

„Јас не можам да се заразам со корона. Имам многу ретка крвна група. И сега, ако луѓето кои го поминале овој вирус имаат 1,2 проценти антитела, а јас природно имам 2,8 проценти, па не можам да го добијам вирусот“, рекол тој во скорешно телевизиско интервју.

Дарко го коментирал и новиот прекар „крал на корона-журките“, кој го доби, откако полицијата неколку пати го фати како пее на забави низ Србија, но и дека е во клубови што не смеат да работат поради пандемијата.

„Навистина ме нарекуваат крал на корона-журките? Ова го слушам првпат. Значи, јас не сум крал на корона-забавите. Пеев цел живот и тврдам  дека кој пее, не мисли зло“, изјави пејачот.

Во интервјуто, тој додаде и дека ќе продолжи да пее уште некој година, но дека потоа ќе се повлече од музиката.

 

Share
Scroll to Top