Авто нацрт

Дац со сопругата Весна првомајски на ракија и скара во Дебар Маало

пред 2 години

Актерот и пејач Драган Спасов Дац, за 1 Мај со сопругата Весна седнаа на ручек во кафеана во Дебар Маало. Парот ужива во полупразното Скопје за време на продолжениот првомајски викенд.

Чашка ракија и вода пред да преминат на скара.

Инаку актерот по десет години врска се венчаше со својата партнерка Весна, минатата година на денот на неговиот роденден. На забава во кафулето „Трибека“ Весна дојде со вел на главата, бурми и матичар, па го побара Дац за маж.

Актерот неодамна прослави 60. јубилеен роденден, а воедно оваа година ја доби внуката Гаиа. Тој не крие дека ужива во нејзино друштво, па дури и сподели фотографија како таа спие во неговите прегратки.

Гаиа се роди во март и е прво дете на синот на Дац, Јаков и неговата сопруга Софија.

Г.Д

Share
Scroll to Top