Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои деветтата титула на Австарлија опен, откако во финалето го победи рускиот тенисер Данил Медведев со максимални 3-0 во сетови (7-5, 6-2 и 6-2).
За Ѓоковиќ ова е 18. Гранд слем трофеј во кариерата и сега има само два помалку од Роџер Федерер и Рафаел Надал кои се на првата позиција со по 20 освоени трофеи од најголемите турнири.
Со пласмано во финалето, Ѓоковиќ го осигура првото место на АТП листата. На 8 март, кога ќе се направи новото рангирање, тој ќе го урне рекордот на Роџер Федерер за најмногу поминати недели на врвот на АТП листата.