Дензел Вашингтон е најдобар глумец на 21 век

Дензел Вашингтон е најдобар глумец на 21 век

пред 3 години

Оскаровецот Дензел Вашингтон е избран за најдобар глуимец на 21 век, според „Њујорк тајмс“. Листата на најдобрите глумци ја составија филмските критичари Манола Дарџис и А.О. Скот. Тие велат дека Вашингтон, кој освои Оскар за улогата во акциониот трилер „Ден за обука“ (2001), се нашол на првото место без дискусии.

„Се расправавме и се расправавме за секое друго име на листата, но за него немаше никакво двоумење или дебата. Дензел Вашингтон е многу повеќе од категорија „џин на екранот“. Тој е суптилен и чувствителен мајстор, со сериозна обука од старата школа и блескаво присуство на филмска sвезда. Може да направи од Шекспир и Август Вилсон злодело или акционо херојство. Тој е еден од врвните актерски момци. Дензел прави глумата да изгледа како дишење“, стои во објавата на двајцата критичари.

Втора на листата е актерката Изабел Ипер, за нејзините „бестрашни и зачудувачки“ настапи, а третото место му припадна на Даниел Деј Луис. Кијану Ривс се пласира на четвртото место, а петта е Никол Кидман.

Share
Scroll to Top