Емоции и воздишки за славејот од Галачник, „Танец“ му одаде почит на Александар Сариевски кој ги спои генерациите

Емоции и воздишки за славејот од Галачник, „Танец“ му одаде почит на Александар Сариевски кој ги спои генерациите

пред 2 години

Емоции и воздишки за време на концертот на ансамблот „Танец“, посветен на 100-годишнината од раѓањето на легендата Александар Сариевски. Особено безвременската „Зајди зајди“, која ја изведоа Сузана Спасовска и Влатко Стефановски. Вчеравечер „Танец“ имаше концерт за паметење. Приказната за славејот од Галичник, раскажана низ музика, но и снимки од Сариевски кои одеа на видеобим.

„Уште како мал пеев на разни случувања во Галичник“, раскажувал Сариевски, кој ја напуштил работата во Поштата и се вработил во Операта. Потоа, со „Танец“, следела турнејата низ САД и Канада. Ова е дел од приказната за славејот од Галичник кој вчеравечер ги спои генерациите. За време на концертот неговите внуци ја примија благодарницата од Бранка Костиќ- Марковиќ, музички новинар и етномузиколог, која ја водеше публиката низ животот на Сариевски.

Благоја Грујовски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, заедно со хорот и оркестарот на „Танец“ настапија на сцената и приредија незаборавна ноќ.  Безвременските „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „ Сулејман седит на кула“, „Абер дојде, Донке“,  ги пееја македонски фолк-пејачи, а ги  отсвирија и музичарите на „Танец“.

„Дејгиди, луди, млади години“ беше оставна за крај, песна во која не постои некој , а на де се пронајде во стиховите. Тука беа и сликите за Галичник, како нем потсетник за родниот крај на Сариевски од каде тргнала неговата музичка приказна.

Фото: Фејсбук

 

Share
Scroll to Top