Есенска торта со јаболка - Reporter.mk

Есенска торта со јаболка – Reporter.mk

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

650 гр јаболка
120 гр путер (се остава на собна температура малку да омекне)
100 гр шеќер
200 гр брашно
3 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
1,5 лажички прашок за печиво
1 лажичка ситно изрендана кора од лимон
1/2 кафена лажичка цимет

Начин на подготовка:

Во сад првин измешајте ги путерот и шеќерот да се добие хомогена маса и да се растопи шеќерот. Потоа полека и постепено се мешаат јајцата, па се додава кората од лимон, една лажица вода и на крајот брашното и прашокот за печиво. Сè убаво измешајте за да добиете еднолична и мазна смеса. Тркалезен плех намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење, па во него истурете го подготвеното тесто и со шпатула рамномерно распоредете го по целата површина. Измијте ги јаболката, исушете ги и извадете ги рачките и јадрото. Исечете ги на парчиња и посипете ги со цимет, па наредете ги преку тестото. Печете околу 30-40 минути на температура од 180°C. Кога колачот ќе се испече, почекајте малку да се излади, по желба посипете со шеќер во прав и послужете.

Share
Scroll to Top