Лана Меј (42) заработила повеќе од 20.000 долари, а сè што прави е разговара со оженети мажи и ги советува како да си го спасат бракот. Рече дека некои од мажите ја контактирале преку апликација за возрасни и ѝ откриле за проблемите кои ги имале со партнерките.
И објасниле дека немале подолго време интимни односи и дека им е потребна помош.

„Многу од нив сакаат да се чувствуваат видено, да бидат сослушани и посакувани. Мажите, како и жените сакаат да почувствуваат интимност и длабоко чувство на поврзаност и тоа е она што се обидувам да им го дадам“, рече Лана за “NewYorkPost“.
Исткана дека се обидува да им помогне, но не и да ги промени.
„Некои ми рекоа дека толку си ги сакаат сопругите, но дека не можат да бидат интимни со нив, па сакаат да слушнат совет како да ја вратат искрата во врската“, рече таа.

„Позитивно во целата оваа работа е што мажите сакаат да поработат на својот однос и на себе си, а јас сакам да им пмогнам околу интимната страна“, рече Лана.
Таа е самохрана мајка која работата како брачен тренер ја почнала на почетокот на годинава, а сесиите и разговорите ги прави преку видео. На почетокот на разговорот ги прашува клиентите дали сакаат совети или разговори за возрасни, што е тоа што може да им помогне за да ги усовршат своите вештини.

Тврди дека за шест месеци спасила над 1000 бракови и покрај тоа што некои критичари нејзиното советување не го гледаат како спас за бракот.







