Заштитете се од сонцето и УВ-зраците: Совети за безбедно сончање

Заштитете се од сонцето и УВ-зраците: Совети за безбедно сончање

пред 3 години

Сезоната на одмори веќе е во полн ек, а експертите повторно советуваат дека мора да се заштитите пред да излезете на сонце.

Најпрво, телото треба да се заштити со крема чиј заштитен фактор изнесува најмалку 15 за оние со потемен тен. Ако имате светла и чувствителна кожа треба да се заштитите со фактор 30, а децата не смеат да бидат на сонце без фактор 50.

Кремата за сончање секогаш треба да ја нанесете уште дома, пред да тргнете на плажа, за да впие во кожата и да почне да ве штити.

Заштитете се и кога сте под сенка

Ако спаѓате во онаа група луѓе кои летниот одмор го минуваат под сенка, тоа не значи дека вашата кожа не е изложена на штетното сончево зрачење. Кремата нанесете ја уште пред да излезете надвор, дури и да не се појавувате на сонце.

Исто така, погрижете се кремата да ја размачкате на кожата во доволна количина, бидејќи ако нанесете многу тенок слој, тоа може да ја намали нејзината делотворност дури и за 50%. Крема нанесувајте и секој пат штом излезете од вода, дури и да сте се намачкале пред да влезете во вода.

Нега после сончање

Дури и кога е правилно заштитена кожата, под влијание на сонцето таа ја губи влагата и затоа ѝ е потребна дополнителна нега. По сончањето кожата освежете ја со хидратантна крема или со лосион за после сончање.

Share
Scroll to Top