За одлично завршената работа, газдите ги наградиле вработените со по еден автомобил

За одлично завршената работа, газдите ги наградиле вработените со по еден автомобил

пред 5 години

Кинеската компанија за производство на челик „Џијангси“, ги наградила своите 4116 вработени со нови автомобили, за одлично завршената работа. Тие успеале да ги остварат и да ги надминат целите на газдите. Таквиот успех го повториле веќе петта година по ред.

Компанијата за производство на железо и челик, на 1. октомври организирала настан, на кој го прославила својот успех и ги наградила вработените за нивниот допринес и годишен раст.

Компанијата во последните пет години бележи сè поголема добивка, а управата сакала да направи нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па одлучиле на секој од нив, да им подари по еден автомобил.

Во период од неколку недели, во пресрет на кинескиот Ден на државноста, во сериите се поделени вкупно 4116 возила, од кои 2933 од моделот „форд територи“, и 1183 од брендот „фолксваген маготан“. Според кинескиот сајт Sohu, вредноста на возилата изнесува околу 500 милиоони јуни, односно 74 милиони долари.

Компанијата Џијангси најави дека ќе ја плати и регистрацијата, петгодишното осигурување, како и данокот за возилата. Како промотивен материјал за настанот, компанијата со дрон снимила неколку од стотината нови автомобили, поставени околу големата сцена за прославата.

Видео снимката стана вирална на кинеските социјални мрежи, додека компанијата добила бројни пофалби поради поделениот профит со своите работници.

Share
Scroll to Top