Знамето на Украина и Британија инспирација за логото на Евровизија 2023

Знамето на Украина и Британија инспирација за логото на Евровизија 2023

пред 2 години

Годинешниот Евросонг, кој ќе се одржи во Ливерпул, ќе го носи слоганот „музиката не обединува“, додека на логото се гледаат две срца.

Како што пишува Би-Би-Си, логото ги отсликува корените на фестивалот, кој е дизајниран да ја обедини Европа.

Поради ситуацијата во Украина, овогодинешната Евровизија ќе се одржи во Ливерпул, иако на минатогодишниот натпревар победија украинските претставници Калуш Оркестар.

Знамињата на Велика Британија и Украина послужија како инспирација за логото.

Полуфиналето на овогодинешната Евровизија ќе се одржи на 9 и 11 мај, додека финалето на 13 мај.

Share
Scroll to Top