Пејачката Иги Азалеа раскина со свршеникот Плејбој Карти. Таа веста ја сподели на инстаграм-стори и напиша дека сега ќе се грижи сама за нивниот седуммесечен син Оникс.
„Тешко е кога ќе го загубиш вистинскиот. Но, луѓето ја сфаќаат лојалноста здраво за готово и затоа повеќе сакам да бидам сама отколку во врска“, напиша таа.
30-годишната музичарка и 24-годишниот рапер беа во врска околу две години, а тој ја побара за жена откако дозна дека ќе имаат бебе.