Игор Џамбазов ја објави последната фотографија со целото семејство

Игор Џамбазов ја објави последната фотографија со целото семејство

пред 3 години

Глумецот и шоумен Игор Џамбазов, на „Инстаграм“ ја објави последната заедничка слика со дедо му Петре Прличко, баба му Нада и неговите родители, Александар и Анџе Џамбазови. Тој откри дека фотографијата е направена 1993 година.

„На едно место со легендите на македонската уметност. Најубавата слика што некогаш си ја објавил. Некогаш ќе заврши на аукција и ќе достигне голема цена“, му порачаа фановите.

И пејачките Калиопи и Тамара Тодевска беа воодушевени од семејната фотографија на Игор и напишаа дека е легендарна.

Џамбазов често објавува фотографии од своите родители. Тој неодамна објави колаж фотографии од мајка му Анџе Џамбазова од нејзината младост, па во свој стил се присети на, како што вели, неговата најдобра другарка и колешка.

Share
Scroll to Top