Илон Маск изгуби десет милијарди долари, бил обвинет за сексуално недолично однесување

Илон Маск изгуби десет милијарди долари, бил обвинет за сексуално недолично однесување

пред 2 години

Основачот и извршен директор на Тесла, Илон Маск, загуби 10 милијарди долари за само еден ден откако се појавија обвинувања за сексуално недолично однесување против него.

dobivaj vesti na viber

Неговото богатство вредеше околу 212 милијарди долари во четвртокот, според индексот на милијардери на Блумберг. Откако во четвртокот вечерта беше објавена веста за обвинувањата, неговото богатство падна на околу 201 милијарда долари, покажа индексот.

Според извештајот на Инсајдер, Спејс Икс воздухопловна компанија основана од Маск, платила на стјуардесата 250.000 долари за да ја реши тужбата против Маск за сексуална злоупотреба во 2018 година. Маск го негираше тоа тврдење, пишува Бизнис Инсајдер.

Маск поседува околу 47 отсто од Спејс Икс. Минатата недела се проценува дека компанијата достигнала проценка од 125 милијарди долари. Но, тоа е приватна компанија и како таква нејзината оценка не се менува многу од ден на ден.

Тесла како компанија исто така е погодена од негативни информации. Во петокот, премиерно беше прикажан новиот документарен филм кој зборува за одговорот на Маск на сообраќајните несреќи кои наводно биле предизвикани од функцијата автопилот во автомобилите на Тесла.

Share
Scroll to Top