Илон Маск само пет дена беше најбогат човек во светот

Илон Маск само пет дена беше најбогат човек во светот

пред 3 години

Основачот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, повторно се најде на второто место на листата на најбогати луѓе на светот. Според „Форбс“, Безос повторно е најбогатиот, откако акциите на компанијата „Тесла“ паднаа за околу 8 проценти.

Маск изгуби речиси 14 милијарди долари за еден ден. Акциите на компанијата „Тесла“ во понеделникот паднаа за речиси 8%, со што нето-вредноста на Маск се намали за 13,5 милијарди долари на 176,2 милијарди долари

Маск во петокот минатата недела го престигна Безос на листата на најбогати луѓе, но сега повторно според „Форбс“ се најде на второто место, со заостанување од околу 6 милијарди долари. Нето-вредноста на Безос изнесува 182,1 милијарди долари.

Акциите на компанијата, „Амазон“, во понеделникот паднаа за над 2%, што исто така ја намали нето-вредноста на Безос за 3,6 милијарди долари.

 

И покрај падот на богатството во понеделникот, Маск е сè уште околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузни стоки Бернард Арно (вреден 154,6 милијарди долари денес).

Share
Scroll to Top