Супермоделот Ирина Шајк (35) и актерот Бредли Купер беа фотографирани додека се шетаа насмеани, фатени за рака со 4-годишната ќерка Леа. Сепак извор близок до поранешниот пар тврди дека тие не ја обновиле љубовната врска.
„Тие се многу блиско семејство, но не се официјално повторно заедно“, вели изворот, откако се појавија шпекулации дека се смириле.
Тие го поминаа Денот на благодарноста заедно. Според пишувањата на американскиот магазин „Sun“, Ирина Шајк била видена додека го напуштала својот стан во Њујорк во четвртокот и се упатила кон домот на Купер, каде била и нивната ќерка Леа. Таа не преспала кај Бредли, туку утредента се вратила, кога заедно заминале на излет. Бредли отишол во станот на Ирина за да ги земе неа и девојчето, а потоа заедно заминале на балет.
„Изгледаа многу среќно. Сите се смешкаа“, раскажал очевидец за американските медиуми.
Сепак, нагласено е дека немале романтична интеракција, бидејќи биле свесни дека фотографи и репортери ги следат.
Ирина во интервју за магазинот „HIGHStyle“ открила каков однос има Бредли со својата 4-годишна ќерка.
„Сам ја однесе на двонеделен одмор. Ниту еднаш немаше потреба да ги барам. Тој е многу посветен и снаодлив татко, а дадилка не му е потребна. Бредли и јас сме строги родители. Доследно ја воспитуваме. Штом ќе заврши со јадење, Леа станува, ја зема чинијата и вели благодарам. Ништо не добива без молам и благодарам“, рекла Ирина.
Ирина и Бредли ја започнаа својата врска во 2015 година, во 2017 ја добија ќеркичката Леа, а раскинаа во 2019 година.