И умрен Микис Теодоракис направи скандал во Грција, семејството се скара кај да го погребаат познатиот композитор

И умрен Микис Теодоракис направи скандал во Грција, семејството се скара кај да го погребаат познатиот композитор

пред 3 години

Голем скандал изби во Грција, откако семејството на Микис Теодоракис, се скара за местото каде да биде погребан славниот музички композитор.

Од Комунистичката партија на Грција, во која тој беше член, соопштија дека ќе биде испочитувана неговата желба и дека Теодоракис ќе биде погребан во четврток на островот Крит.

Неговата ќерка инсистирала Теодоракис да биде погребан во селото Врахати, во близина на Коринт, каде тој имал куќа, а неговиот син сака да се почитува желбата на татко му и да биде погребан кај неговите родители и брат.

За потсетување, Теодоракис почина минатата недела во четвртокот, на 97 годишна возраст. Во јавноста беше објавено и неговото писмо кое му го оставил и во кое изразил желба да биде погребан на гробиштата во Галатас, западно од Ханија, од каде потекнува неговиот татко.

„Моето семејство не ја одобрува мојата желба, но, законот го препознава правото на секој да одлучи каде ќе биде погребан“, напишал Теодоракис во писмото. Голем број негови приврзаници се простија од композиторот чие тело е изложено во Метрополитанската катедрала во Атина.

Комеморацијата ќе се случи утре, по што телото со авион ќе биде префрлено на Крит. Теодоракис имаше бурен однос со Комунистичката партија, која ја напушти на крајот на шеесетите години, за по десет години подоцна, повторно се врати во неа.

За пратеник во грчкиот парламент тој беше избран во 1990 година, како кандидат на конзерватината партија Нова демократија. Но, во октомври 2020 година, испрати писмо до генералниот секретар на ККЕ, Димитрис Куцумбас, во кое му ја доверил организацијата за погребот. Тој напишал и дека најубавите години ги поминал во таа партија и дека сака да го напушти светот како комунист.

Теодоракис зад себе остави исклучително богато уметничко наследство, а меѓу останатото е и музиката која ја работел за бројни светски филмови.

Почина Микис Теодоракис, славниот грчки композитор кој јавно ги изразуваше своите антимакедонски ставови

Share
Scroll to Top