Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ ќе бидат пуштени во продажба на 29 април во 12 часот на пладне. Картите ќе се продаваат преку karti.com.mk и во цвеќарата „Розе“ во „Веро 2“.
„Златна бубамара“ ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“, а овој пат под мотото „Да живнеме!“.
„Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја. Цените скокнаа, платите останаа исти, само ‘Златна бубамара‘ ви порачува – Дојдете да живнеме!
По сè што поминавме, конечно доаѓаат и убави времиња: да се развеселиме, да запееме и да се насмееме, а конечно можеме да живнеме! Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за ‘Златна бубамара‘ отколку до две шишиња зејтин. Наместо да кивнеме, време е да живнеме“, велат од оргнизторте на Златна бубамара.