Кили едвај преживува на Еквадор, пријателите им праќаат пари

Кили едвај преживува на Еквадор, пријателите им праќаат пари

пред 4 години

Глумецот Кирил Поп-Христов – Кили, кој веќе неколку години со семејството живее на Еквадор, едвај ја преживува економската криза што настана поради пандемијата со коронавирусот. Неговата сопруга, Гордана Деан Поп-Христова, на „Фејсбук“ напиша дека тие веќе неколку месеци не можат да врзат крај со крај.

„Овие месеци преживуваме од парите што ни ги праќаат пријателите,“ објави таа неодамна на својот профил.

Гордана, која е основач на балетското студио „Ребис“, и на Еквадор има свое балетско студио. Но тоа последниве месеци работи лошо поради мерките и забраните што ги воведе Владата на Еквадор од почетокот на кризата. Гордана не е задоволна од ситуацијата во земјата и таа постојано ја критикува власта во своите објави на социјалните мрежи. Гордана го критикува и начинот на кој тие се справуваат со кризата.

„Седум месеци социјална дистанца, избегнување близок контакт, и тоа продолжува дури се казнува за да се истренираме за новата нормалност. Како пример за тоа колку е нехумано тоа што ни се наметнува, дали знаете дека во затвори најстрашна казна е да те стават во изолација, значи да бидеш со убијци, силувачи, крадци е помала казна, зашто ние сме социјални битија“, напиша таа.

Иако познатата кореографка ги критикува строгите мерки на власта, Кили во негов стил објавува видеа на кои се лула на лулашка и пее.

За потсетување, Кили и Гордана живеат на Еквадор веќе неколку години, заедно со помалата ќерка Јоана. Таа пред две години се омажи за Родригез Сориа Хозе Луис и доби син. Кили неодамна се врати во Македонија и се вработи во МНТ, но потоа повторно отиде на Еквадор, каде што е и сега.

Share
Scroll to Top