Кинез купил куче за 1.400.000 евра пренесуваат светските медиуми. Тој го платил кучето 12 милиони јуани на саемот за луксузни домашни миленици во источната провинција Џедијанг.
Со ова тој го собори рекордот од 2014 година, кога во Кина беше продадена штена од расата тибетски мастиф за 1,2 милини фунти, пренесе „Дејли Мејл“:
„Тие имаат лавовска крв и се врвни овчари“, рече одгледувачот на кучиња Џанг Џенгиун, додавајќи дека уште едно црвенокосо куче било продадено за 6 милиони јуани.
Покрај парите што треба да се одвојат за купување куче, потребно е да се пресметаат и вкупните трошоци за нега на одредени раси, а ова се петте најскапи раси во светот, пишува Klix.ba:
Акита
Јапонските кучиња Акита се големи, моќни кучиња со многу сила и достоинство. Малите уши и темните очи придонесуваат за нивното гордо држење. Тие оставаат впечатлив имиџ со нивната густа, плишана коса, која доаѓа во црвено-кафеава, сусам, тигар и бела боја. Возрасните мажи се високи од 64 до70 см, а женките од 58 до 64 см. Опсегот на тежина е од 34 до 50 кг. Акита може да чини околу 420.000 динари.
Куче на фараонот
Куче на фараонот е раса која најчесто се користи во лов на зајаци. Овие кучиња се многу интелигентни и атлетски градени. Расата има просечен животен век од 11 до 14 години, но е исклучително чувствителна на стрес. Стресот може да доведе до тешки дигестивни и невротични проблеми, што може да чини повеќе од 1000 евра за лекување. За куче од оваа раса треба да се издвојат околу 5000 евра.
Ротвајлер
Оваа раса не е премногу скапа кога станува збор за нивно купување, но поради бројните здравствени проблеми бараат многу пари за да се платат ветеринарните сметки. Сопственикот може да потроши до 10.000 евра годишно на ротвајлер. Цената на еден ротвајлер може да достигне и до 6500 евра.
Чау Чау
Чау чау потекнува од северна Кина и е една од најстарите и најретките раси во светот. Тоа е многу скапа, а големи се и трошоците за чување. Грижата за оваа раса може да изнесува над 10.000 евра, а на пазарот може да се најдат по цена од 10.000 до 14.000 евра.
Тибетски мастиф
Иако првично се користеле како чувари и заштитници, тие станачле премногу скапи за одржување и полека почнале да исчезнуваат. Расата е многу заштитничка и релативно здрава, но е склона кон наследни состојби како што се дисплазија на колкот, хипотироидизам и аномалии на очите. Тибетските мастифи со години се познати како најскапите кучиња во светот, за што сведочи и рекордот кој го држат богатите Кинези.
По спектакуларна продажба од 1,2 милиони фунти, многу луѓе сакаа да чуваат вакви кучиња, меѓутоа подоцна се покажа дека се многу скапи за одржување и нивната слава брзо помина.