Колач со боровинки - Reporter.mk

Колач со боровинки – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

За кората:

350 гр брашно
100 гр путер
50 гр шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
1,5 лажички прашок за пециво
1 јајце
100 гр павлака

За филот:

600 гр боровинки
250 мл сок од боровинки
100 гр шеќер
4 лажици густин
3 лажици вода
20 гр путер
1 прстофат мелено морско оревче

Ставете го брашното во сад. Путерот изваден од фрижидер изрендајте го во брашното. Ќе го направите ова без никакви проблеми ако го ставите путерот во брашно пред секое рендање. Со раце направете трошливо тесто од брашно и рендан путер. Додадете шеќер, ванилин шеќер, прашок за пециво и промешајте. Во мала чинија, ставете ги јајцето и павлаката и изматете. Додадете во брашното и замесете тесто. Пренесете го тестото на работната маса и поделете го на еден поголем дел (2/3 од тестото) и еден помал дел (1/3 од тестото). И двете теста завиткајте ги во проѕирна фолија, а потоа поголемиот дел оставете го во фрижидер, а помалиот дел во замрзнувач.

Подгответе го филот. Ставете замрзнати бороовинки во цедалка да се исцедат (по можност преку ноќ). Во соодветен сад ставете го сокот што се исцедил од боровинките (ако немате 250 мл сок, со од тетрапак). Додадете шеќер, прстофат мелено морско оревче и густин растворени со три лажици вода. Промешајте и оставете да зоврие. Со постојано мешање, гответе го филот со жица за матење додека не се згусне. Кога ќе се згусне, тргнете го садот од оган, додадете го путерот и промешајте за да се стопи. Потоа додадете ги боровинките и измешајте сè добро. Покријте го филот со проѕирна фолија (ставете ја фолијата директно на филот за да не се прави кора) и оставете да се излади.

Поставете калап од 22 см со хартија за печење, одоздола и од страна. Извадете го тестото од фрижидерот и ставете го на набрашнета површина. Посипете со брашно и развлечете го тестото за да биде пошироко од калапот. Користете сукало, пренесете го во калапот и формирајте ги рабовите да бидат високи 2-3 см. Исечете го вишокот тесто и оставете го настрана. Изладениот фил истурете го врз кората. Преку филот, откинете ги парчињата тесто што ви останаа од кората, а врз филот на крупно изрендајте го тестото од замрзнувачот.

Ставете го колачот да се пече, во загреана рерна, на 180 степени. Може да го печете и 40 минути во рерна со вентилатор.

Share
Scroll to Top