Едноставноста на белите и сините ленти е привлечна за многумина, а неговата разновидност е најчестата причина зошто овој модел е меѓу нашите најомилени. Редовите на ретки или дебели, дебели или тенки бели и сини ленти лесно ќе се вклопуваат во секој плакар, секој аутфит и секоја комбинација.
Оваа кошула е идеална за преминот од лето во есен.
Есенската сезона ни носи продолжување на трендот на кошули со линии. Откако го најавија луксузните модни куќи и дизајнери, трендот го проследија и попристапните брендови кои нудат мноштво варијации на кошули со линии. Од вечен атрактивен модел кој ја спојува класичната кројка со комбинацијата на сини и бели ленти до трендовски изданија со акцент на интересни ракави.
Како ќе го носиме во наредните недели и месеци?
Во комбинација со елегантни здолништа и панталони, оваа кошула ќе биде совршен избор за враќање во канцеларијата, додека лежерните предимензионални модели ќе носиме ги носиме низ дома во комбинација со хеланки или спортски панталони.
Едноставноста на овие кошули одлично ќе изгледа во комбинација со сите бои, додека во комбинација со други дизени како што се цветниот и животинскиот дезен ќе создадат доста ефикасен изглед за секоја пригода.
Во продолжение погледнете како ги носат познатите инфлуенсерки.