Плишаните мечињата Падингтон кои беа оставени пред замокот Балморал ќе бидат донирани на децата од здружението Бернардо кои ќе се грижат за нив, информираа од Бекингемската палата.
Само неколку часа откако беше објавена смртта на кралицата Елизабета Втора во нејзиниот замок Балморал, илјадници плишани мечиња Падингтон беа оставени низ улиците во знак на почит.
За потсетување, кралицата Елизабета Втора за време на својот јубилеј се појави во видео заедно со мечето Падингтон, а видеото беше неверојатен успех и и овозможи на кралицата да се поврзе со овој лик од литературата за деца. Па и затоа голем број на плишани мечиња беа поставени низ Лондон и пред кралските резиденции во Лондон и Виндзор.
Можеше да се забележат и сендвичи направени од леб и мармалад, бидејќи му се допаѓаа Падингтон.
Од Бекингемската палата објави фотографија со кралицата Камила која е опкружена со плишаните мечки и објаснија дека истите ќе бидат донирани.
„Мечките се исчистени за да изгледаат најдобро пред пристигнувањето во нивниот нов дом“, напишаа од палатата.
?️?Please look after this bear
The Queen Consort is pictured with some of the 1,000 teddy bears that were left in tribute to Queen Elizabeth, which will now be donated to @barnardos.
The bears have been scrubbed up to look their best ahead of arrival at their new home. pic.twitter.com/IfMJnyHyXj
— The Royal Family (@RoyalFamily) October 15, 2022