Кралското семејство во Дубаи вели дека принцезата Латифа е згрижена и опкружена со медицински персонал

Кралското семејство во Дубаи вели дека принцезата Латифа е згрижена и опкружена со медицински персонал

пред 4 години

Кралското семејство од Дубаи, соопшти дека принцезата Латифа е згрижена и дека е со најблиските. Ваквото соопштение стигна, еден ден откако „Би-би-си“ објави снимка во која таа го обвини нејзиниот татко, Мохамед бин Рашид ал-Мактум, дека ја држи како заложник.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите кои беа загрижени за нејзината состојба и покрај медиумските извештаи кои секако не ја претставуваат актуелната состојба“, е наведено во соопштението од кралското семејство, испратено преку амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Лондон, пренесува „Би-би-си“.

Во него се додава дека принцезата Латифа е згрижена и дека е опкружена со семејството и медицински персонал. Ќерката на премиерот на УАЕ и владетеот на Дубаи, шеикот Мохамед, во тајно снименото видео кое „Би-би-си“ го објави, кажа дека се плаши за нејзиниот живот.

„Вилата е претворена во затвор. Не можам да отворам ниту еден прозор. Пет полицајци се пред куќата и две полицајки во неа“, изјавила принцезата.

Таа додала дека еден од полицајците и се заканил дека ќе биде во притвор целиот нејзин живот и дка никогаш повеќе нема да види сонце.

Не знам дали ќе го преживеам ова. Уморна сум од сè. Не сакам да бидам заложник, само сакам да бидам слободна“, изјавила таа.

Снимката крена голема прашина, па дури и од Обединетите нации повикаа на истрага. Од организацијата вчера побарале доказ од УАЕ, дека принцезата Латифа е жива. Но, од соопштението засега нема никакви докази, ниту видео и фотографија, дека таа е добро.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за „Би-би-си“, изјавил дека ќе се позанимава со овој случај.

„Ние сериозно ги сваќаме човековите права и ја следиме оваа ситуација“, изјавил Блинкен.

Директорот на организаијата Human Rights Watch, Кенет Рот, сопштението го нарекол покритие, објаснувајќи дека никој не му верува на кралското семејство, додека Латифа самата слободна не се обрати на јавноста.

Кампањата „Ослободете ја Латифа“, исто така наведе дека кралското семејство и претходно објавувале вакви соопштениа и дека не смее да им се верува. Тие наведоа дека се плашат дека Латифа би можела да биде мачена во вилата.

„Независен тим на Обединетите нации итно мора да оди во Дубаи и веднаш да ја посети Латифа и да инсистира таа да биде однесена на сигурно во земја во која таа самата сака да биде“, е наведено во нивното соопштение.

Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мохамед, се смета за еден од најбогатите владетели во светот.

Share
Scroll to Top