Крај на љубовта меѓу градоначалникот Костадин Костадинов и вереницата Марија, по две години ја раскинаа свршувачката

Крај на љубовта меѓу градоначалникот Костадин Костадинов и вереницата Марија, по две години ја раскинаа свршувачката

пред 2 години

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и неговата свршеница Марија Десанова, по скоро две години ја раскинаа веридбата. Откако во јавноста почна да се зборува дека веќе не се заедно, „Репортер“ побара изјава од струмичкиот градоначалник.

dobivaj vesti na viber

„Приватна работа е, не ја коментирам. Благодарам на интересот“, ни одговори Костадинов.

Коста и Марија се свршија во јануари 2021 година. Костадинов, кој во тоа време беше пратеник и портпарол на СДСМ на Фејсбук објави слика од свршеничкиот прстен и најави дека наскоро ќе прават свадба.

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша тогаш Костадинов на својот профил.