Крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше

Крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше

пред 3 години

Денеска во холот на АРМ, Црвениот крст на град Скопје во соработка со ИТМ, ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески.

Акцијата започна од 9 часот утрото и ќе трае до 17 часот.

„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв.При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19“, објавија од Црвениот крст на Македонија.

Share
Scroll to Top