Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус

Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус

пред 4 години

Најдобриот португалски фудбалер и еден од најдобрите во светот, Кристијано Роналдо, е позитивен на Ковид-19. Португалецот бил позитивен на првиот тест и сега треба побвторно да се тестира.

Веста ја потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Португалија (ФСП).

„Роналдо е добро, нема симптоми и се наоѓа во самоизолација“ се наведува во официјалниот сајт на португалската фудбалска селекција.

Поради тоа, Португалците ја одложија закажаната прес-конференција, а презакажан е и тренингот на селекцијата. Во текот на репрезентативната пауза, Португалија играше против Шпанија и Франција, а двата меча завршија без голови.

Утре треба Португалија во Лисабон да ја пречека селекцијата на Шведска, но јасно е дека домашната селекција на овој меч ќе настапи без CR7.

На својот Инстаграм профил Кристијано објави фотографија од вечерата на која беа сите негови соиграчи од националниот тим, па поради тоа постои опасност да се појават и други позитувни случаи во селекцијата.

„По позитивниот случај во селекцијата, останатите играчи беа на ново тестирање денеска наутро. Сите имаа негативни резултати и ќе му бидат на располагање на тренерот Фернандо Сантош“ велат од ФСП.

Share
Scroll to Top