Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ги демантираше пишувањата на Вол Стрит Журнал за наводната љубовна врска со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на Гугл, Сергеј Брин, поради што двајцата наводно се разведуваат, а Никол проговори и за тоа.
Преку нејзиниот адвокат, Шанахан дури отиде дотаму што сугерираше дека гласините се клевета.
„Не правете грешка, секоја сугестија дека Никол имала афера со Илон Маск не само што е чиста лага, туку и клевета“, изјави нејзиниот адвокат Брајан Фридман за Daily Mail.
Брин и Шанахан минатиот месец открија дека се разведуваат по четири години. Маск претходно изјави дека во тие четири години ја видел Никол само три пати и дека тој и Брин биле пријатели.