Леб и сол, Есма Реџепова, Мизар, Лева патика и Медена земја ќе добијат свои улици во Скопје

Леб и сол, Есма Реџепова, Мизар, Лева патика и Медена земја ќе добијат свои улици во Скопје

пред 4 години

Град Скопје ќе ја дополни Листата на имиња на улици, која ќе опфати плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот, а на листата се имиња на истакнати личности и групи од областа на градското националното и светското историско наследство, објави градот.

Постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571. име, меѓу нив и познатите групи Леб и сол, Мизар, Лева патика, потоа Есма Реџепова, Медена земја и многу други.

Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња и на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење.

  

„Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности, од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.

Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот”, информира градот.

Листата на имиња ги содржи предлозите од онлајн анкетата, спроведена во летото 2019 година, на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи.

 

 

Share
Scroll to Top