Лидерите на суперсилите не му ја честитаа победата на Бајден, молк кај Путин, Си Ѓипинг и Ердоган

Лидерите на суперсилите не му ја честитаа победата на Бајден, молк кај Путин, Си Ѓипинг и Ердоган

пред 3 години

Додека на победникот на претседателските избори во САД, демократот Џо Бајден, секојдневно му пристигнуваат честитки од сите страни на светот, најголемите светски лидеру, засега се воздржани.

Владимир Путин, Си Ѓипинг и Реџеп Таип Ердоган засега не се брзаат да ја поздрават победата на идниот американски претседател.

Во анализата на „Си-ен-ен“, се вели дека наклонетоста кон авторитарните политички лидери била константа во владеењето на Доналд Трамп и констатира дека воздржаноста на претседателите на Русија, Кина и Турција, ја разоткрива природата на односите кои тие ја проектираат кон идната американска администрација и типот на соработка кој го антиципираат.

Кремљ во 2016 година, по победата на Трамп над Хилари Клинтон, му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател, само неколку часа по објавувањето на изборните резултати.

Денес претставникот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Москва ќе почека официјално да бидат објавени изборните резултати и дури тогаш ќе ги коментира.

На кинескиот претседател Си Ѓипинг, не му се брзало да ја поздрави изборната победа на Бајден. Денес претставник од кинеското министерство за надворешни работи, ги прескокнал прашањата на новинарите за тоа кога Пекинг ќе му испрати честитки на Бајден.

Тој одговорил дека Кина ќе се однесува во рамки на меѓународната пракса. Ни, Анкара засега не реагирала на изборната победа на Бајден.

Турскиот претседател Ердоган, воглавно имал премолкна согласност со претседателот Трамп. Тој не правел нешто на своја рака, без претходно да знае Трамп за тоа. Со Бајден во Белата куќа, односите нема да бидат така хармонични, сметаат аналитичарите.

Бразилскиот претседател Болсонаро, кого многу го нарекуваат „Трамп од Троп“, поради популистичката политика која ја води и негувањето на култот на сопствена личност, засега се нема огласено по повод американските избори.

И претседателот на Мексико Обрадор, одбирајќи зборови, соопштил дека Мексико ќе мора да почека да се расчистат сите правни недоумици и процесот со пребројувањето на гласовите на американските избирачи, пред да го честитаат изборот на новиот претседател на САД.

Share
Scroll to Top