Синоќа Париз беше центар на фудбалските случувања. Сите љубители на овој спорт со нетрпение го очекуваа овогодинешното доделување на Златната топка.
Лионел Меси оваа година по осми пат во својата блескава кариера ја освои Златната топка. Зад себе остави маестрални колеги како Килијан Мпапе и Ерлинг Халанд, кои имаа маестрални сезони, но аргентинскиот фудбалер заслужено го доби ова признание за освојувањето на златниот медал на својата репрезентација на Светското првенство претходната година.
Тенисерот Новак Ѓоковиќ беше меѓу многуте спортисти кои дојдоа да го видат овој настан, но сите погледи со право беа насочени кон Меси и неговата поддршка, односно неговите најблиски.
Аргентинецот се појави на црвениот тепих со сопругата Антонела Рокузо и неговите три сина и не доби ништо освен аплауз поради координираниот, совршен стајлинг и поради соодветното и убаво однесување на момците.
И додека Меси беше во класичен црн костум кој го комбинираше со бела кошула и црна машна, Антонела како и секогаш беше елегантна и префинета. Сопругата на познатиот фудбалер облече црн тесен фустан, кој ја истакна нејзината половина и ја правеше да изгледа како да излегла од бајка.
Кога станува збор за нејзината фризура, таа се одлучи за едноставна и елегантна пунџа која ги истакна нејзините убави црти. А шминката беше пристојна, што уште повеќе беше причина сопругата на Меси да добива само комплименти на сметка на нејзината нереална убавина.