Победничката во втората сезона од шоуто „Задруга“, Луна Џогани, со сопругот Марко Милјковиќ го чекаат второто дете. Пејачката на „Инстаграм“ објави видео од позитивниот тест за бременост. Рече дека Марко бил пресреќен.
„Дали е можно? Ни стигнува четвртиот член. Супер, фала ти за оваа преубава вест“, рече Марко.
За потсетување, двојката минатата година ја добија ќерката Миа.