Македонец создаде детска играчка што чисти по дома, ама повеќето мајки се навредиле од името на играчката

Македонец создаде детска играчка што чисти по дома, ама повеќето мајки се навредиле од името на играчката

пред 3 години

Македонецот Денис Митревски, кој живее во Перт, Австралија, и Анџело Реитано се креатори на играчката Mommy’s Tiny Helper (Малиот помошник на мама). Митревски одамна е дел тимот што креираше генијална играчка за деца, што истовремено чисти по дома. Родителите пишуваат коментари за тоа колку се задоволни од играчката која им помага во домаќинството, но дел од мајките го критикуваат името.  Играчката во суштина претставува количка со вграден механизам за собирање трошки. Првично беше креирана за американскиот пазар и во 2019 година беше претставена на тамошниот Саем за играчки.

На официјалната фејсбук-страница може да се забележат голем број коментари за тоа колку децата се задоволни од играчката и дека таа не само што е убава туку и  корисна за во домаќинството.

Во промоцијата и продажбата на играчката на Денис му помага и неговата сестра Сем Минити. Британскиот „Дејли меил“ пренесува дека таа е во неверување откако на дел од австралиските групи за мајки на социјалните мрежи добила негативни коментари, но не за производот, туку за неговото име.

 

Според дел од мајките во Австралија, проблемот е во тоа што играчката се вика Mommy’s tiny helper (Малиот помошник на мама), а во 2021 година чистењето во домаќинството не е работа само на мајката. Дел од фејсбук-коментарите објавени на „Дејли меил“, поврзани со името на дизајнот, гласат:

„Името е слатко, ама подразбира дека чистењето е женска работа“.

„Се согласувам. Можете да го викате само Little Helper (Мал помошник)“.

„Лично мислам дека зборот ‘мама’ треба да се извади, кај нас дома работите ги вршиме 50/50: готвење, чување деца итн., затоа не сметам дека е добро да се налага дека само мама чисти. Исто така, многу деца немаат мајки…“ – се вели меѓу другото во еден од коментарите.

@mommystinyhelperWorlds first ride on toy that actually cleans www.mommystinyhelper.com ##giveaway ##australiastock♬ original sound – Mommy’s Tiny Helper

Сем, која и самата е мајка на 7-годишно девојче, за „Дејли меил“ вели дека е збунета затоа што жените во Австралија одговориле сосема поразлично од Aмериканките, а вели дека трошоците за промена на името би биле огромни.

„Воопшто не помислив дека името може да биде навредливо, затоа го тестирав името кај неколку групи за мајки во Перт каде што сум член и сега сум загрижена за негативниот одговор“ – вели таа и додава дека очекувала дека мајките ќе дадат поддршка затоа што во најголем дел тие се оние што ја вршат најголемата работа по дома.

Таа вели дека играчката е функционална затоа што кога си доаѓате дома од работа често се случува на децата да им дадете ужина што често завршува на подот.

„Децата ќе си играат со играчки без разлика на сè, а на овој начин, додека се возат, го чистат сопствениот неред“ – вели таа.

 

Share
Scroll to Top