УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со 10.000 евра. Казната е за непочитување на ковид протоколите за време на Европското првенство.
Европската куќа на фудбалот без да наведе детали само соопшти дека постоело лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот.
За потсетување, Македонија првпат настапи на едно континентално првенство. Фудбалерите на Игор Ангеловски Мрме одиграа три натпревари, против Австрија (1:3) и Украина (1:2) во Букурешт и против Холандија (0:3) во Амстердам.






