Македонската скијачка Јана Атанасовска постигна нов успех на трка во Италија

Македонската скијачка Јана Атанасовска постигна нов успех на трка во Италија

пред 2 години






Македонската скијачка Јана Атанасовска постигна уште еден успех за македонското женско скијање во нејзината деби сезона во сениорска конкуренција.

Атанасовска на ФИС трка во слалом на патеката Сепада во Италија го освои 10 место.

Атанасовска која имаше време од 01:28.77 минути оствари одличен резултат од вкупно 71,84 ФИС точки.

Трката ја завршија вкупно 54 скијачки, три Италијанки се најдоа на првите три позиции, Катерина Синигои, Теа Холцер и Валентина Фил.

Јана Атанасовска, претходно најдобар резултат во историјата на македонското скијање имаше и на ФИС трката во Словенија каде освои 75,95 точки.





Share
Scroll to Top