Македонски репрезентативец Ѓоко Зајков вечерва конечно ја напушти Украина, откако патуваше 48 часа со автомобил од едниот до другиот крај на земјата. Тој стигна во Унгарија со неговата сопруга и синот, а преку социјалните мрежи откри дека целото семејство сега е на безбедно.
Семејството Зајкови неколку дена се обидуваше да ја напушти Украина откако на Русија ја нападна земјата, а во Украина беше прогласена воена состојба. Фудбалерот и неговиот клуб „Ворскла Полтава“ се обидуваа да најдат начин како да ги изнесат странците од државата, бидејќи авионскиот простор над Украина е веќе неколку дена затворен, па мораше да заминат по копнен пат.
Зајков патувал заедно со уште еден автомобил во кој имало хрватски фудбалери. Во Унгарија ги пречекале родителите на еден од хрватските фудбалери и сега се подготвуваат да се вратат во Македонија.