Македонски маунтинбајк тим првпат на престижната ,,4 Острови" трка

Македонски маунтинбајк тим првпат на престижната ,,4 Острови” трка

пред 3 години

Тимот на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, од утре до 24 април годинава ќе тргнат по освојување на предизвикот наречен „4 Острови” во Хрватска – една од најзначајните маунтинбајк етапни трки во светот.

Дуња Иванова и Љубиша Кондев се претставници на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, а подготовките за престојната трка „4 Острови” се под водство на Дејан Новковски – тренер по велосипедизам. Кондев е еден од првите македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2, додека Дуња Иванова е актуелен државен првак во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

Претставниците на ВК Енерџи за пет денови ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки, сериозни искачувања и предизвикувачки спустови низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

,,4 Острови” е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита.

Share
Scroll to Top