Моето момче мислеше дека е интересно да ме силува со шест пријатели, открива Памела Андерсон

Моето момче мислеше дека е интересно да ме силува со шест пријатели, открива Памела Андерсон

пред 1 година

Памела Андерсон проговори за Гардијан за најтешките моменти во нејзиниот живот. Таа рече дека скандалот со секс снимката ја натерал да се чувствува исто како кога била силувана на 12 години. За потсетување, во 1995 година, беше украдено интимно видео од неа и нејзиниот тогашен сопруг Томи Ли кое набрзо заврши на Интернет.
За секс снимката многу се зборуваше, а Памела постојано го критикуваше начинот на кој медиумите ја третираа додека во тој период. Сега таа за „Гардијан“ раскажа за ужасен детал од нејзиното детство.

„Бев силувана од 24-годишниот пријател на мојот пријател кога имав 12 години“ И додава : „Тешко е да се зборува за тоа кога се што сакаат е да зборуваат се моите гради.

Моето момче тогаш мислеше дека би било интересно да ме силува со шест пријатели. Не сакав да живеам, сакав да исчезнам од лицето на земјата“, изјави актерката за медиумите.

„Не сакам да ја спомнувам таа тешка ситуација од моето детство, но се сеќавам, кога ме нападна, мислев дека сите ќе ја знаат. И кога снимката со секс беше украдена, јас се чувствував исто . Сведочењето беше брутално“, се сеќава таа.

 

Share
Scroll to Top