Романските новинари пишуваат за македонската навивачка фаланга, дека уште синоќа го освоиле Букурешт, покажувајќи ретко видени емоции и љубов кон државата и фудбалерите.
Скоро и да нема медиум кој не пишува случувањата во стариот град во Букурешт, каде вчера и денеска е се македонските навивачи, и тоа со акцент на нивната лудост бидејќи во радувањето и пеењето не им сметал ниту поројниот дожд, пренесуваат романските медиуми.
Во Букурешт вчера се случи библиски потоп, поради што беше пролонгиран дури и тренингот на нашите фудбалери, а и денеска временските услови, барем до сега, се идентични.
Но, ништо не ја спречува фалангата на лудува низ Букурешт, цивилизирано, а башка што ги освоија симпатиите на локалните жители. Видеото од атмосферата може да го погледнете ТУКА