Ману Чао ќе има концерт во Скопје. Паворд продукција го најави како другарот на Таксират кој на 26 -ти септември ќе одржи концерт во МКЦ.
„Сега во акустична постава, заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и перкусионистот Филип Тебул (Mano Negra, Radio Bemba), култниот уметник на бунтовната музика Ману Чао патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од илјадници и по правило во мали концертни простори кои пак веднаш се распродаваат“, изјавија организаторите.
Првите 200 билети кои веќе се пуштени во продажба се продаваат по цена од 700 денари.