Марија Шарапова се мажи за британски милионер

Марија Шарапова се мажи за британски милионер

пред 3 години

Руската тенисерка Марија Шарапова, ќе се мажи за британскиот милионер Александер Гликес. Таа на социјалните мрежи објави дека се свршиле.

„Реков да, уште првиот ден кога те запознав. Тоа беше нашата мала тајна, зар не?“, стои во објавата на Шарапова, која доби честитки од голем број нејзини фанови ширум светот.

„Фала ти што ме усреќи и рече да. Се радувам што целиот мој живот ќе те сакам и ќе учам од тебе“, напишал Гликес.

Тој е роден во Лондон и потекнува од богато семејство. Татко му е познат стоматолог, а мајка му предава на Оксфорд. Има студирано на престижен факултет и се дружи со британскиот џет сет. Меѓу останатото, тој е и добар пријател со принцевите Вилијам и Хари.

За него се зборува дека е голем русофил. Се зборува дека одлично зборува руски јазик и е голем вљубеник во руската литература.

Тој во 2010 година со група пријатели има основано аукциска куќа Paddle8, специјализирана за продажба на уметнички дела. На тој начин успеал да го зголеми своето богатство.

Александер зад себе има еден брак. Со Американката Миша биле во брак од 2012 до 2016 година. Се венчале во Венеција во присуство на голем број членови од кралското семејство.

Шарапова претходно беше во врска со кошаркарот Саша Вујачиќ, со кого ја раскина свршувачката, а беше и во сериозна врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Share
Scroll to Top