Поради бојосувањето, косата станува безживотна и без сјај. Освен тоа, употребата на фен, пегла или фигаро, дополнително го уништува влакното.
Фризерите советуваат барем еднаш неделно да користиме маска за коса. Кога косата е хидрирана, изгледа поубаво, но и бојата подолго се задржува. Наместо да трошиме пари на купечки маски, можеме да направеме сами домашен регенератор-маска, кој длабински ќе ја негува нашата коса и ќе ѝ го врати сјајот. Следниов рецепт е за многу ефикасна маска за бојадисана коса од само 2 состојки.
Состојки:
- 2 лажици кокосово масло
- 1 јајце
Приготвување:
Се става кокосовото масло и јајцето во сад и се мешаат. Смесата се нанесува рамномерно на влажна или сува коса и се остава 15-20 минути да дејствува, па потоа се мие.
- Придобивки од маската за бојадисана коса
Јајцата се богат извор на витамини за косата, а најмногу на А, Д и Е. Покрај витамините, тука се и протеините и масните киселини. Протеините се градежен елемент на косата и маската од јајца ќе ги закрепне влакната кои станале кршливи и суви. Масните киселини се одлични за сувата коса, бидејќи ѝ го враќаат сјајот на косата и ѝ помагаат да ја задржи влажноста.
Предноста на кокосовото масло за сувата коса лежи во лауринската киселина која продира длабоко во косата, што е клучно за хидратација, закрепнување и отстранување на сувоста на косата.